Кире Андонов еден од најголемите навивачи на Македонските репрезентации и на нашите клубови особено кога играат на меѓународна сцена по седмицата помината во Загреб и по пласманот на ракометарите на Македонија во вториот круг им останува верен на ракометарите.

Имено во разговорот што го имавме не информираше дека ќе ја бодри нашата репрезентација и во Вараждин, бидејќи како што објасни сака да биде дел од најголемиот ракометен успех на Македонската репрезентација.

Андонов за време на натпреварите во Загреб беше во друштвото на нашиот сограѓанин Ивица Цветков кој моментно живее во Минхен и Оливер кој е по потекло од Вевчани а моментно студира во главниот град на Баварија.

Оваа тројка беше во фокусот на сите натпревари а после секој натпревар беа во друштво на нашите репрезентативци.

„Го повлеков вистинскиот потег. Верував дека ќе направиме успех на ова Европско првенство па затоа и се подготвував за подолг престој во Хрватска. Верувам дека ќе стигнеме многу далеку на првенството а доколку некои други фактори не ги стават рацете „врз“ нашата репрезентација искрено очекувам борба за еден од трите медали. Сега сум сам во Загреб, Ивица и Оливер поради обврските мораа да се вратат во Минхен,а моите Кочанчани Тоше, Илија, Бане, Гоше и Зоран веќе се во Вараждин каде во недела и јас ќе им се придружам и заеднички ќе навиваме за нашата Македонија“ беа зборовите на Кире Андонов.

Очекуваме негово јавување и откако ќе влеземе во борба за еден од медалите.

С. Ивановски

62

63

64

65

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари