ПРВО МЕСТО ЗА ЗЛАТКО НИКОЛОВ НА „STRUMINA TRAIL“

Во Спорт
декември 2, 2023
1 минути

Нов успех за Златко Николов кој на трката „Strumica trail“ во Штип го освои првото место. Николов патеката долга 19 километри со искачување од 750 метри во снежни услови и на патеката покриена со снег ја истча со време од 1 час и 59’ и сосема заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Мошне забележителен е и резултатот на Владо Симеонов кој на целта стигна како втор во категоријата на натпреварувачи над 50 годишна возраст.

Вредно да се спомене е дека тешката патека со мошне добар резултат ја истрча и Кристијан Блажев.

На стартот на трката се појавија 170 натпреварувачи.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ