Во рамките на проектот „Младинско учество преку извидништво“ поддржан од УСАИД, Извиднички одред  „ЛАСТОВИЦА“ – Кочани, на ден 26.01.2018 година организира настан за промоција на извидничкото движење и извидничките вештини. Настанот ќе се одржи под наслов „Младите даваат идеи“ а главни промотори ќе бидат извидници од Извидничкиот Сојуз на Македонија.

Целна група се децата од основните училишта во Кочани, но се очекуваат и многу други граѓани.

Место на одржување на промоцијата ќе биде Трговскиот центар во Кочани со почеток во 12.00 часот.

Лице за контакт:

Сашко Стефановски – координатор

Тел: 076 / 900-900

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари