На предлог на советничката група на СДСМ и коалиционите партнери како и на ЗГ „Јосип Броз Тито“ од Кочани,  советниците на 6-тата седница на Советот на Општина Кочани со мнозинство гасови ЗА ја усвоија листата за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани.

Имиња кои се најдоа на листата се имиња на истакнати личности, значајни датуми и настани, збратимени градови со Кочани и географски обележја.

Имиња на истакнати личности: Киро Глигоров, Јосип Броз Тито – Маршал Тито, Кузман Јосифовски – Питу, Владо Стаменков, Трифун Манојлов, Ангел Ајтовски, Јован Оливер, Благој Попов – академик, Гроздан Зашов Трифунов, Александар Алексиев, Бранко Пендовски, Никола Адамов, Харалампие Манчев.

Значајни датуми и личности: 24 Мај „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, 18 Август – Ден на АРМ,  2-ри Август – Ден на Републиката, 8-ми Септември – Ден на независноста, 9-ти Мај – Ден на победата над фашизмот и ден на Европа.

Збратимени градови со Кочани: Јенифоча (Турција), Крањ (Словенија), Сигетсентмиклош (Унгарија), Нови Књажевац (Србија), Перејаслав Хмељницки (Украина), Казанлк (Бугарија).

Географски обележја: Пониква, Осоговски планини – познат туристички центар, Царев Врв или Султан Тепе – планински врв на Осоговските планини.

Усвоената листа ќе биде доставена до Владата на Република Македонија за добивање на согласност.

Листата на имиња е обезбедена од Роднокрајното одделение при ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари