Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани ја доби на десет годишно користење училишната зграда во село Полаки со што ќе им се олесни реализирањето на дел од нивните активности што ги спроведуваат на планински терени.

Така одлучија членовите на Советот на Општина Кочани на нивната последна седница, односно истите го прифатија барањето на ИО „Ластовица“.

Зградата во село Полаки е со површина од 156м² а освен зградата ќе можат да ги користат и двете помошни згради со површина од 14м² и 12м².

Зградат е изградена на почетокот на 80-тите години, во меѓувреме се направени одредени интервенции и истата е во добра кондиција за користење.

При донесувањето на одлуката советниците побараа да не се прекинат другите активности што се реализираат во неа години наназад преди се проектот „Рурален доктор“.

С.Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари