РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО МЕЃУ ДЕЦАТА

декември 6, 2023
1 минути

Како дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Општина Кочани, преку заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – РОМАКТЕД фаза 2, реализираше работилница на тема „Како да го препознаеме и да превенираме родово базираното насилство меѓу децата“.

Во интерактивна комуникација со ученици од шесто до деветто одделение од ОУ „Раде Кратовче“, едукатор од UN Women разговараше за формите, мотивите и начините на препознавање на родово базирано и семејно насилство.

Низ примери од секојдневниот живот учениците покажаа дека умеат да препознаат насилство што доведува до физичка, сексуална, психичка или економска повреда кај девојчињата и кај момчињата, како и насилство во семејството.

Работилницата е реализирана во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – РОМАКТЕД фаза 2, во соработка со проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“, кој се имплементира  преку програмата на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Општина Кочани со оваа работилница настојува да ја подигне општествената свест и да поттикне размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на  родово базираното насилство.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ