Тензичната атмосфера за време на одржувањето на Собранието на ОФС – Кочани во еден момент ја развесели плех музиката која се слушаше на само неколку метри од салата во која и се одржуваше истото.

Додека Верификационата и кандитационата комисија се повлекоа за да извршат увид во документацијата на двајцата кандидати почна да ечи плех музика, што беше знак дека свадба се прави. И навистина по само неколку минути во истата сала влезе одговорното лице од матичната служба при Општина Кочани за да го отпочне чинот на венчавање на младенците.

Сите делегати беа изненадени, па мораа да си ги соберат материјалите и да излезат од салата за да по чинот на свеченото венчавање повторно се вратат во клупите.

Упатувајќи извинување кон делегатите организаторите на Собранието вината за прекинот на седницата ја фрлија врз одговорното лице од Локалната самоуправа. Како што појаснија од говорницата им било кажано дека салата е слободна во Сабота и дека нема најавено венчавка, но венчавка имаше.

И добро е што младите закажале венчавка бидејќи нивната музика беше единственото нешто убаво што се случуваше во салата каде се одржување седницата на ОФС – Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари