Амбасадорот на република Унгарија во Република Македонија Ласло Иштван Дукс престојуваше денес во работна посета на Кочани.

На средбата со Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев беа разменети мислења околу досегашната соработка но и изнаоѓање нови проекти со кои соработката ќе продолжи.

По завршувањето на средбата и Амбасадорот Ласло Иштван Дукс и Градоначалникот  Николчо Илијев изразија задоволство од она што се разговараше.

„Република Унгарија е заинтересирана за продолжување на контактите и унапредување на соработката со локалните заедници во Македонија, посебно со оние општини со кои веќе има воспоставено поцврсти релации. Меѓу нив е Општина Кочани, со која имаме одлично искуство и очекуваме позитивни ефекти. Минатата година спроведовме една стипендија за Ромите, со поддршка од Владата на Унгарија. Со градоначалникот се согласивме дека ќе направиме силни напори да ги анимираме унгарските компании за да ги согледаат можностите за инвестирање во регионот, да ги приближиме стопанствениците и да ја зголемиме стоковната размена“ рече Амбасадорот Иштван Ласлу Дукс

Илијев задоволен по она за што се разговараше но и потенцираше дека и двајцата ќе се заложат за воспоставување на подобри стопански релации.

„Добивме навистина интересни сугестии како да ги искористиме предностите што ги нуди Република Унгарија, бидејќи таа е членка на европското семејство и овде ја гледаме нашата голема шанса да ги искористиме нивните искуства и знаење и да реализираме проекти во нашиот регион. Се договоривме и двете страни да размислат и во разговор со локалните чинители на економијата да се направат истражувања во кој дел имаат интерес и во наредниот период да се направат средби во Кочани, како и посети на одредени региони во Унгарија, со цел и тој дел на соработката да го подигнеме на повисоко ниво и да ги искористиме сите потенцијали што стојат на располагање на двете страни

С. Ивановски

DSCN9167

DSCN9168

DSCN9174

DSCN9196

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари