Вечерва во ресторан „Але-Дар“ во Кочани во организација на Општина Кочани, се одржа манифестацијата „Спортист на Кочани за 2017“ на која беа прегласени најуспешните спортисти.

Предлогот на Кошаркарскиот Клуб „Баскет Дино“ Комисијата во целост го прифати и номинацијата „Најуспешен спортски работник“ му припадна на Драгослав Здравков а наградата му ја врачи Гордана Антова – Претседател на Комисијата за култура, образование и спорт и права на децата.

За категоријата „Најуспешен тренер“ беа предложени: Симеончо Митев (Фудбал Старс), Јорданчо Петров (Карате Клуб Партизан), Николче Колев (КГС Кочани), Драган Шеќеровски (Џудо клуб Гладијатор-2016) и Сашо Лазаровски (Кошаркарски Клуб Баскет Дино) а наградата „Најуспешен тренер“ на Јорданчо Петров му ја врачи Александар Јосифов – Секретар на Општина Кочани.

За „Најуспешен клуб“ беше прогласен карате Клуб „Партизан“ кој во конкуренција на „КГС Кочани“, Џудо Клуб „Гладијатор-2016“ и ПСД „Осогово“ доби најмногу поени. Владо Андов – Координатор на женскиот фудбал во ФФМ наградата му ја врачи на Оливер Коцев, тренер во Карате К. „Партизан“.

Од номинираните 18 „Млади надежни спортисти“ признанијата им беа доделени на 11, од секој клуб по еден според пријавата на клубот, а бидејќи немаше ранг листа во оваа категорија на сцената беа повикани по азбучен ред: Ана Георгиева (ЖФК Кочани), Али Каидов (Карате К. Ипон), Антонио Јаношевиќ (КГС Кочани), Благој Тасевски (Карате К. Партизан), Благој Ананиев (РК Младинец), Марко Коцев (КК Баскет Дино), Филип Станојков (ЏК Гладијатор 2016), Наталија Веселиновска (Карате К. Кочани), Давид Костов (Фудбал Старс), Јована Давиткова (ШК Кочани) и Ѓорѓи Соколовски (ПСД Осогово). Наградите им ги врачи Томе Солевски – Претседател на Советот на Општина Кочани.

Титулата „Спортист на Кочани за 2017“ ја понесе Љубомир Давитков (Карате К. Кочани) а по него следуваа: Даниела Колева (ТК Акватен), Стојан Николов (ВК Поскок), Кристијан Грозданов (Карате К. Партизан), Мартина Шахинова (Карате К. Партизан), Ѓорги Петров (Карате К. Партизан), Јана Николова (КГС Кочани), Роберто Здравковски (Карате К. Партизан), Душан Павлов (атлетика) и Грегори Давков (ФК „Фудбал Старс) Наградите на најуспешните им ги врачи Николчо Илијев – Градоначалник на Општина Кочани.

Заменик градоначалникот на Општина Кочани Благој Ситновски на новинарите, претставниците од четирите медиуми во општината им врачи признанија.

С. Ивановски

DSCN9238

DSCN9244

DSCN9246

DSCN9285

DSCN9319

DSCN9324

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари