Кон „жолто-синиот“ табор пристапија уште три нови засилувања, па така бројката на нови засилувања се искачи на девет.

Нови играчи на ГФК Осогово се Драган Паунов, Павле Петров и Божидар Ангеловски.

Паунов (27 години) доаѓа од редовите на Каменица Саса и е фудбалер од офанзивниот дел од теренот.

Петров (22 години) е фудбалер кој во првиот дел од сезоната настапуваше во Вардар Неготино, а игра на крилните позиции од теренот.

Ангеловски (19 години) е дете на Работнички од каде и што доаѓа во Кочани. Станува збор за играч од нападот.

ГФК „Осогово“

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари