ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ПОСЛЕДНО ЕСЕНСКО КОЛО

Во Спорт
декември 8, 2023
1 минути

Утре (Сабота) со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 15-тото, последно есенско коло во Втора Фудбалска Лига. На средината на месец Декември конечно ќе здивнат и гледачите и играчите бидејќи условите за игра по нашите терени се рамни на 0 (нула). Но што е тука е, мора да игра по свирката што некој им ја свири како ќе му текне.

Е, токму во ова последно есенско коло „Осогово“ му гостува на „Пелистер“ еден од кандидатите за највисок пласман. Бидејќи домаќините важат за фаворити на овој натпревар, кочанчани за Битола ќе заминат за да се надигруваат па ако им се даде некоја шанса зошто и непоразени да не се вратат од „градот на конзулите“.

Но што и како ќе помине „Осогово“ конечниот епилог ќе го имаме утре некаде околу 15 часот.

Двојки од 15-тото коло:

„Пелистер“ – „Осогово“

„Кожуф“ – „Охрид“

„Караорман“ – „Детонит Плачковица“

„Вардар“ (Н) – „Каменица Саса“

„Скопје“ – „Новаци“

„Аресими“ – „Беласица“

„Беса“ – „Победа“

„Тетекс“ – „Башкими“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ