ОПШТИНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – КОЧАНИ, „СВЕТЛОСТ“ ОД ЗРНОВЦИ ЕСЕНСКИ ШАМПИОН

Во Спорт
декември 10, 2023
0 минути

Со одигрувањето на натпреварот „Светлост“ – „Задругар Исток мермер“ 0:2, денес и официјално  се спушти завесата на есенскиот дел од првенството во Општинска Фудбалска Лига – Кочани. Вториот натпревар кој требаше да се одигра во ова коло „Фудбал старс“ – „Младост Тошев“ е одложен од оправдани причини и истиот ќе се одигра на пролет пред да започне пролетниот дел од првенството.

И покрај денешниот пораз од 0:2 на домашен терен во кој зрновјани беа надиграни од екипата на „Задругар Исток мермер“, екипата на „Светлост“ ја понесе титулата „Есенски шампион“.

Во годинешното првенство беа пријавени седум екипи но пред самиот старт на првенството екипата „Чешиново 2015“ од оправдани причини го повлече своето учество, па натпреварувањето го завршија шест екипи.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ