Последните неколку денови една иста слика се повторува во непосредна близина на контејнерите за смет, поставени пред зградата „А“ во Градскиот Трговски Центар.

Имено неодговорен граѓанин или граѓани пепелта што ја собираат од своите шпорети  наместо да ја фрлат во контејнерот тој или тие ја истураат на самиот тротоар веднаш до контејнерите за да потоа истата со ветер се разнесе по улицата и тротоарот.

И минатата година вакво нешто често се случуваше за разлика што еден од тие што ја истураат пепелта беше фатен на дело. Неговото оправдување тогаш беше дека ако ја истура пепелта во контејнерот а во истата останало жар може да се запалат хартиите или пластичните материјали.

Некои од жителите на зградата реагираат на ваквото однесување на поединци или група граѓани бидејќи залудно некои чистат кога други тоа го уништуваат.

С. Ивановски

DSCN9456

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари