Во првиот од серијата подготвителни натпревари „Осогово“ како домаќин ја совлада екипата на „Кожуф“ од Гевгелија 1:0 (1:0).

Стрелец на погодокот беше новото засилување кај „жолто-сините“ Владимир Жоглев.

Натпреварот се одигра по сончево време и лош терен за игра. Играчите на обете екипи се трудеа колку што силите им дозволуваа во овој период од подготовките, но стотината гледачи мора да бидат задоволни  од она што го видоа, а видоа доста трчање меѓу двата шеснаесетника иако имаше само неколку изразени шанси за постигнување на погодок.

Следниот натпревар е закажан за Среда (07 Февруари) кога екипата на „Осогово“ ќе гостува на прволигашот „Победа“ (Прилеп).

С. Ивановски

DSCN9581

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари