Се надминува ли повеќегодишната агонија со недостаток на вода за жителите на с.Лески. Новата локална власт веќе работи на неколку проекти за надминување на овој проблем.

Ова е уште едно од нашите предизборни ветувања за с. Лески, конечно да најдеме решение за квалитетно водоснабдување на домаќинствата кои живеат овде. Во нашата Програма планирани се повеќе проекти за овој проблем. Првиот чекор е со ископување на 4 нови бунари да најдеме извори на вода со кои барем привремено ќе го полниме капацитетот на постоечките резервоари над селото. Но не смееме да застанеме тука, планираме и други проекти се со цел да не ни се случи она што ни се случи минатото лето, селото остана 6 месеци без вода. Се работи и на проект за трајно решавање на водоснабдувањето, со проширување на филтер станицата и поврзување на селото со градскиот водовод“ изјави градоначалникот Димитров кој денес изврши увид во тековните градежни активности .

„Најголеми проблеми имаше ова лето, кога за првпат пресушија и изворите на Лисец , сигурно десет години веќе го имаме овој проблем. Летно време се снаоѓаме од оние домаќинства кои имаат бунари во дворот, некои имаат направено хидрофори, но мора да најдеме трајно решение“, вели пензионираниот наставник Божин Спасов.

Во селото има околу 500 жители и 180 водомери кои чекаат приклучување на градскиот водовод.

DSC_0010

DSC_0037

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари