Во рамките на подготовките за пролетниот дел од првенството денес во Прилеп на теренот со вештачка трева домаќинот „Победа“ и „Осогово“ одиграа интересен и неизвесен натпревар.

Натпреварот заврши без победник 1:1 (0:0) иако и двете екипи пропуштија уште по некоја шанса за постигнување погодок.

Први резултатот го открија домаќините откако во 49’ кога на една повратна топка натрча Дановски и мрежата на „жетварите“ се затресе.

Гостите од Кочани поставија резултатска рамнотежа во 75’ кога на една одбиена топка натрча Жоглев и ја упати во мрежата на прилепчани.

Следниот натпревар „Осогово“ го игра во Недела кога во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ ќе гостува екипата на „Тиквеш“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари