Продолжуваат чествувањата „50 години Бели Мугри – Кочани“.

По тој повод денес во „Фоаје 1“ при НУ ЦК „бели Мугри“ во Кочани беше отворена изложбата насловена како „Изложба на писатели – сликари“ на која бе претставени 26 дела изработени во различна техника од писателите Велко Неделковски, Трајче Кацаров, Христо Петрески, Јордан Ѓорчев, Љубомир Донски и Нада Накова.

За самата изложба и за ликовното творештво на писателите – сликари свое обраќање имаа Севдалинка Станкова и единствениот присутен од авторите Трајче Кацаров.

Изложбата за отворена ја прогласи м-р Александра Димитрова в.д. директор при НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

Изложбата ќе биде поставена следните две седмици така да истата можат да ја посетат сите заинтересирани граѓани.

С. Ивановски

DSCN9719

DSCN9709

 

DSCN9706

DSCN9705

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари