Реконструкција на кино-салата во Виница и монтажна бина за

одржување културни настани се двата проекти со кои планира да аплицира Виница на претстојниот втор повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија- Бугарија, со расположив буџет до 250.000 евра по општина.

„Денес во посета на општина Виница престојуваше Делегација од општина Банско, Република Бугарија, инаку наша збратимена општина. Со градоначалникот на Банско , Георги Икономов, ги договоривме проектите со кои ќе аплицираме на вториот повик од Програмата за прекугранична соработка. Проектите се од областа на туризмот, или поконкретно од наша страна аплицираме со два проекти, за реконструкција на кино-салата во Виница и монтажна бина за одржување на културни настани. Самата апликација не е едноставна, документацијата е обемна, но се надеваме дека со изборот на проектите ќе имаме позитивен фидбек“, изјави градоначалникот Димитров.

Со слични проекти аплицира и општина Банско, а Виница и Банско како збратимени општини веќе имаат позитивни искуства во реализација на заеднички проекти од областа на туризмот, со кои пред неколку години беше подобрена инфраструктурата на „Виничко Кале“ со асфалт и осветлување.

DSC_0013

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари