Вечерва во салата на Советот на Општина Кочани се одржа Изборното Собрание на најтрофејниот клуб од Кочани, БК „Спартак“.

Големиот број на љубители на борењето, некогашни борачи и тренери на клубот ги поздрави досегашниот Претседател на „Спартак“ Јордан Димитров. Откако поднесе извештај за шесгодишното управување со клубот Димитров си поднесе оставка која едногласно беше прифатена.

По усвоената оставка на Димитров Собранието работеше по предложениот дневен ред.

За Претседател едногласно беше избран Звонко Горгиев, стопанственик од Кочани кој потоа ги предложи членовите на Управниот Одбор кој едногласно делегатите го прифатија.

Освен Звонко Горгиев  Управниот Одбор на БК„Спартак“ го сочинуваат: Љупчо Стојанов, Игор Христов, Благој Јорданов, Ацо Стојановски,  Орце Митров, Тоше Стојановски, Звонко Илиевски, Јорданчо Јанев, Димче Нешев и Бобан Савев.

Во Надзорниот Одбор влегоа: Влатко Соколов, Димитар Горгиев и Гоце Ангелов.

Новоизбраниот Претседател Звонко Горгиев вети работа без мешање на политиката. Вети дека најпрво ќе ја скенира целокупната состојба во клубот од инфраструктурата до екипата но и вети дека ќе настројува заедно со останатите инволвиран во клубот да го врати до некаде стариот сјај на „Спартак“ кој во повеќе од една деценија беше во тотален мрак.

С. Ивановски

DSCN9795

DSCN9796

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари