Во рамките на подготовките за пролетниот дел од првенството во Втората Фудбалска Лига – Исток, во Недела со почеток во 14:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани закажан е натпреварот „Осогово“ – „Тиквеш“

Истиот ден со почеток во 17:30 часот во салата на ОУ „Никола Карев“ во рамките на четвртото пролетно коло од Втората Футсал Лига се игра градското дерби „Уни Паб“ – „Торпедо“.

Со победата на „Торпедо“ над претендентот за највисок пласман „Шкендија“ на „келнерите“  од Кочани им се отвори шанса за место кое води кон Првата лига.

Добар предизвик натпреварот да го посетат голем број на гледачи на кои сигурно нема да им недостасуваат головите и возбудувањата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари