Подготвувајќи се пролетниот дел од првенството во Првата Фудбалска Лига за жени, денес во Кочани девојчињата на ЖФК „Кочани“ ја совладаа екипата на ЖФК „Каменица Саса“ со резултат 3:0 (0:0).

Во првото полувреме гостинската екипа со три нови засилувања им одолеваше на нападите на домаќинките, но во вториот дел девојчињата на тренерот Оливер Јовановски покажаа дека се поквалитетна и поискусна екипа иако во нивните редови недостасуваа Фроска Костова, Катарина Петровиќ, Нина Николова и Викторија Игнатовска.

Првите два погодока за домаќинките ги постигна Андреа Стојчева која на идентичен начин во празен простор беше проигрувана од Анета Горгиев и на двапати стрелаше ппрецизно. Третиот погодок го постигна токму Анета Горгиева откако доби топка на центарот на игралиштето, помина неколку гостински играчи и од работ на шеснаесетникот со одмерен удар по трет пат ја погоди мрежата на каменичанки.

Инаку ова беше прв натпревар за „Кочани“ за време на зимските подготовки.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари