Направен е првиот чекор за поддршка на културата во Кочани.

Како што дознаваме неколкумесечните контакти на Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев со Министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги даде посакуваните резултати.

Имено, Министерството за култура, на Република Македонија за реконструкција на Националната Установа Центар за Култура  „Бели Мугри“ – Кочани одобрило средства во висина од 13.500.000,00 денари.

Со реконструкцијата на објектот која се планира да започне за мошне краток период започнува заштитата на едно значајно културно богатство за Кочани, односно ќе се сочува објект со одлична местоположба, архитектонско решение и мултифункционалност.

Ваквиот развој на настаните можеше до некаде да се предвиди неколку дена пред истекот на 2017 година (28.12.2017 година) кога на покана на Градоначалникот Николчо Илијев во посета на Кочани дојде Министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Откако и двајцата со своите домаќини извршија обиколка на целиот објект министерот излезе со мошне позитивни карактеристики за објектот како градба, но не и за состојбата во која се наоѓа.

Тој тогаш вети дека во соработка со Градоначалникот Николчо Илијев  ќе направи напори да се одобрат и доделат средства за реконструкција на објектот што еве сега стана и реалност.

С. Ивановски

DSCN8767

27750563_215732018975410_1896707041246043868_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари