Со засилено темпо во финишот на преодниот рок, нашиот клуб продолжува да ја комплетира екипата.  Со  Александар Игески и Дејан Велевски нашиот клуб доби фудбалери со прволигашко педигре.

Игески е голман на 25-годишна возраст кој есенскиот дел од полусезоната го мина во Гостивар.  Овој чувар на мрежата неколку години наназад беше дел од Првата лига, настапувајќи за Металург и Хоризонт Турново, а бил дел и од Беласица, Локомотива и 11 Октомври.

Велевски е централен дефанзивец кој има 24 години, а кон „жолто-сините“ пристапува од тимот на Силекс. Исто како и Игески, така и Велевски важи за прволигашки играч кој покрај за тимот од Кратово има настапувано и за Младост Царев Двор, 11 Октомври, Пелистер, Новаци и Вардар Неготино.

ГФК „Осогово“

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари