„Пониква“ е под нова снежна покривка.

Снегот кој од саботата врнеше со различен интензитет направи дебела снежна покривка која предизвика голем број љубители на зимските спортови и на планинскиот туризам да го поминат викендот на Осоговската убавица.

Како што не информираат во моментот снегот и понатаму паѓа и ако продолжи со истиот интензитет и вечерва, се очекува утре да бидат измерени околу половина метар снег, што секако им оди на рака на угостителите на „Пониква“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари