Вечерва во салата на ОУ „Никола Карев“ во Кочани пред повеќе од сто гледачи во рамките на четвртото пролетно коло од Втората Футсал Лига се одигра градското дерби „Уни Паб“ – „Торпедо“ во кое славеше условно домашната екипа со 8:2 (5:1).

Пред натпреварот и двете екипи најавуваа победа но така изгледаше се додека не започна натпреварот. Од првиот свиреж на судискиот пар Арсов-Георгиев иницијативата ја презедоа „келнерите“ и веќе во 20 секунда го отворија резултатот.

Примениот гол како да ги збуни играчите на „Торпедо“ што го искористи нивниот противник и со серија на голови во 6’7’9’ и 15’ поведоа со 5:0 и речиси победникот веќе беше решен.

На две минути до крајот на првото полувреме „Торпедо“ постигна гол и со резултат 5:1 играчите заминаа во соблекувалните.

Второто полувреме играчите на „Торпедо“ го започнаа поагресивно, напаѓаа но и умешно се бранеа но сепак во 26’ примија нов погодок кој депримирачки делуваше на нив.

До крајот играчите на „Уни Паб“ постигнаа уште два погодока а примија еден што беше и конечниот резултат 8:2.

Со оваа победа „келнерите“ ги зголемија своите шанси за освојување на едно од првите три места од кои двете директно водат во Првата Футсал Лига а третопласираниот разигрува.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари