Градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров денес го посети местото каде е свлечиштето на патниот правец Кочани – Македонска Каменица за да се увери во направената штета но и за изнаоѓање на решение овој голем проблем кој со години наназат се провлекува да стане минато.

Дознаваме дека обвинувањата за прекин на сообраќајот кон „Македонија пат“ се упатени на погрешна адреса бидејќи за овој патен правец одговорен е „Гранит“.

Откако ја видел состојбата Димитров исконтактирал со надлежните од „Агенцијата за патишта“ и како што сме информирани уште од утре (Понеделник) може да се минира тој дел бидејќи поголеми карпи кои висат над самиот пат и се со големи пукнатини се најголемата опасност за учесниците во сообраќајот.

Токму поради минирањето и расчистувањето на патот истиот во наредните 3 до 4 дена ќе биде затворен за сообраќај.

Состојбата и понатака ќе ја следиме а со нови информации ќе излеземе кога истите ќе ни бидат доставени.

С. Ивановски

27858514_206570940079533_8128055801_206571006746193_26

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари