Гулабите а посебно чавките кои од година во година ги има во се поголем број веќе стануваат проблем. Проблемот од ден на ден е се поголем, поточно е зголемен откако овие птици буквално ги запоседнаа крововите на зградите во Градскиот трговски Центар и семејните куќи во негова непосредна близина.

Сопствениците мака мачат како да си ги исчистат дворовите и терасите, а сопствениците на дуќаните, тротоарите кои се пред влезот на нивните објекти.

Инвазија на овие птици на овој потег особено се зголеми откако вчера беа исечени дел од крошните на дрвата покрај кејот на „Кочанска река“, од „Крушарскиот мост“ кон мостот кај „Шопинг центарот“.

Граѓаните на кои овие птици им прават доста голема штета апелираат до надлежните во општината да изнајдат адекватен начин да се дислоцираат, во спротивно како што некои најавуваат ќе биде покрената граѓанска иницијатива тие самите да го решат како знаат и умеат овој проблем.

Чавките во се поголем број почнаа да го окупираат градот во последните три децении, односно кога кон крајот на осумдесеттите години беа исечени багремите и тополите покрај реката „Брегалница“ каде тие беа населени.

Се чека реакција од надлежните.

С. Ивановски

DSCN9458

DSCN9459

 

8899

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари