СДСМ го заврши изборот на Претседател на ОО на СДСМ – Кочани. Според донесената одлука Дарко Радески во идните четири години ќе ја извршува функцијата Претседател на општинската организација на СДСМ – Кочани.

Се очекува во периодот кој следи да биде свикана конференција на општинската организација на СДСМ – Кочани на која ќе бидат изберени останатите тела на организацијата: Извршен Одбор и Надзорен Одбор.

Дарко Радески во периодот од 2013 – 2017 беше член на Извршниот Одбор на ОО на СДСМ – Кочани а во изминатите две години доста успешно ја извршуваше функцијата Шеф на Изборниот Штаб  на ОО на СДСМ – Кочани за Парламентарните избори 2016 и Локалните избори 2017.

Моментно Дарко Радески е член на Надзорниот Одбор на СДСМ.

С. Ивановски

DSCN4369

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари