Она што се прикриваше додека беа крошните на дрвата со сечењето на истите покрај „Кочанска река“ од „Крушарски мост“ до мостот кај „Шопинг Центарот“ на виделина излегоа  црева кои моментно делуваат многу грдо во очите на минувачите.

Денес многумина ги гледаа и се прашуваа можеби со право, зошто уште се овде кога вака депресивно делуваат.

Инаку идејата за поставување на овие црева уште пред неколку години (2011) беше како што тогаш бевме известени со две намени, првата е полека да се наводнуваат цвеќињата и тревата а втората кога ќе бидат големи горештини од нив да се распрскува вода за да колку – толку ги освежува минувачите.

Од тогаш поминаа седум години, сега е едно ново време кога технологијата е многу напред отидена и кога треба да се размислува за адекватна замена на овие црева и итно нивно отстранување.

С. Ивановски

DSCN9996

P2410229

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари