По неколкгугодишен вакум во доделувањето на стипендиите, Здружението “Свет Крст“ денес потпиша нови договори со 21 студент од Виница кои 9 месеци ќе добиваат месечен надомест од 2200 денари. “По пауза од неколку години, на моја иницијатива, како и на членовите на здружението, и со подршка од приватните компании:Макпрогрес, Центрофрута, Партнер, СБВ Ромеро, Мебел-ви, ЈП“Солидарност“ и

секако општина Виница , успеавме да обезбедиме 415 900 денари, средства кои ги распределивме на 21 студент. Сумата не е голема, но за сите овие студенти ќе биде добредојдена“, изјави градоначалникот Ивица

Димитров кој е и претседател на “Свет Крст“. Стипендирањето е планирано за период од 9 месеци, од октомври 2017г. до јуни 2018г.

Комисијата која одлучуваше во изборот на студентите, селекцијата ја изврши врз основа на месечниот приход по член од семејството, со предност на децата од самохрани родители, а како критериум се земаше и бројот на студенти во семејството.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари