Почитувани претставници на медиумите на почетокот од ова мое излагање ке се фокусирам  на три области кои беа и сеуште се темел на предизборната програма која ја понудивме, а со чија реализација започнавме во изминатите 100 дена. 100 дена од преземањето на новата локална власт е премногу краток период за да реализираме некои позначајни инвестиции, но сепак релативно доволен да ги поставиме стратешките насоки за нашето четиригодишно работење, т.е да знаеме на кои поголеми проекти ќе работиме до крајот на оваа година и следните три.

На почеток, неизбежно е да потенцирам во каква кондиција ја затекнав општината со моето доаѓање, со наследен долг во висина од 96 милиони и 700 илјади денри, долг кој распореден по ставки се движи вака: 39.500.000 – основен долг 2. Прв кредит 37.800.000денари. 3. Втор кредит 6.700.000денари 4.Позајмица од министерството за финансии 6.000.000 денари 5.Долг кон советници- 1.200.000ден. 6.Долг кон училишта- 5.500.000 денари или вкупен долг- 96.700.000 денари. За овој релативно краток период успеавме да вратиме 5.000 000,00 денари кон дел од добавувачите од кои имаше најави за блокирање на сметките, со што би се отежнале нашите секојдневни активности.

Она што не прави посебно одговорни е секојдневната средба со граѓаните на О.Виница и заедничкото учество во подготвувањето на програмите на месните заедници во кои се истакнуваат приоритетните активности за решавање на натрупаните проблеми.

Во овој извештаен период бевме активни во сите сфери на општественото живеење:

Го забрзавме донесувањето на деталните урбанистички планови;

Решен е деценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во с.Грлани, во маалото Трајановци со средства на о.Виница;

 – За прв пат водата во о.Виница е намалена за 3.1 % и жителите користат најефтина вода за пиење во Р.Македонија;

 – Во село Градец три крака од канализационата мрежа се поврзани со главната канализациона линија;

 – Финализиран е проектот за реконструкција и партерно уредување на детската градинка Гоце Делчев со средства обезбедени на Швајцарската агенција за развој и соработка на О.Виница.

Ископани се бунари за каптажа на вода за пиење во с.Лески со што се решава проблемот за вода за пиење каде минатата година жителите на село Лески немаа вода за пиење повеќе од 6 месеци. Со што овој проблем е решен;

Расчистени се патните правци(тротоарите и банкините)од градот Виница кон с.Виничка кршла и с.Лески;.

Извршено е поврзување на новиот резервоар на вода за пиење на жителите на три маала: Мајсторци, Беловци и Петревци.

Поставени се нови канти за отпадоци на најфреквентните улици во градот Виница;

Во овој период извршивме и чистење и регулација на коритата на Градечка и Виничка река, и тоа ќе се прави во континуитет со цел да  се избегне опасноста од излевање и нови поплави;

– Дадовме несебична подршка на сите спортски клубови и финансиската помош ја зголемивме од 1.000.000 на 1.500.000 илјади денари во Буџетот за 2018-02-15

Општина Виница и јас како градоначалник дадовме целосна подршка на возобновување на здружението Свет Крст и во изминатиот период спроведовме две акции од кои една со собирање и донирање пакет производи за социјално загрозени семејства, а втората е доделување на 21 стипендија на социјално загрозени студенти во траење од 9 месеци.

Покрај овие активности, за краток временски период, планирани се и следниве проекти:   

 – Во село Блатец во тек е изградба на каналски систем за наводнување и санација на локалните патишта;

– Во село Лaки, изградба на потпорни ѕидови

– во тек е и тендерската постапка за набавка на нов ровокопач во вредност од 3.600.000 илјади денари од кои 2.600.000 илјади денари се грант, а 1.000.000 милион е финансиран од општина Виница. ///

ПОголеми инвестициони проекти со чија реализација отпочнуваме од месец март се следниве:

-Ке се изврши реконструкција на водоводната мрежа во градот Виница во должина од 3698 метри во вредност од 6.500.000 илјади денари.

– Ке се реконструира и пренамени училница во с.Лески финансирана од UNICEF во рамките на програмата за ран детски развој.

– Обезбедени се средства од страна на Швајцарската банка за развој и инвестиции за физибилити студија за прочистителна станица во вредност од 150.000 илјади швајцарски франци.

– Во тек се подготовки за проширување на регионалниот пат од Пекланска река до с.Бигла од 3 на 5 метри. во вкупна должина од 14км од кои 8.5 км на територија на о.Виница во вредност од 52.000.000 милиони денари на целата траса, а за трасата на општина Виница се 30.000.000 милиони денари.

– Наскоро очекуваме да започнат активноститте за изградбата на толку очекуваната филтер станица во с.Трсино за која се обезбедени средства од IPARD фондовите 75% и 25% од о.Виница во вкупна вредност од 10.5 милиони денари.

– Асфалтирање на патниот правец од с.Трстија преку Беловци до маало Маринци во должина од 1798 метри, а ке се изврши и поставување на фотоволтаичен систем во училиштето Никола Парапунов во Трсино, инвестиција за двата проекти со вкупна вредност од 20,500,00 денари.

За реализирање на програмата во општина Виница асфалтирање и поставување бехаон плочки на улици и тротоари, водоводна мрежа и канализација, партерно уредување и разубавување на општина Виница обезбедени се средства од буџетот на општина Виница во висина од 40.000.000 милиони денари;

– Се поставува нов слој асфалт на патниот правец Истибања – М.Каменица во должина повеќе од 15 км, и од Виница-Берово во должина од 7км. – Од сето досега искажано дел е реализирано,  а дел се реализира, но сакам да истакнам дека за дел од поголемите проекти се уште очекувме одговор за нивно прифаќање и реализирање во 2018 година од кои издвојувам:

Изградба на спортска сала во основното училиште ,,Славчо Стојменски “во вредност од 24.000.000 милиони денари

– Аплициравме со општини од Р.Бугарија во ЕУ Фондови за три проекти и тоа: реконструкција на кино сала во општина Виница, монтажна бина за потребите на општината , регулација на Градечка река како и проекти кои се во интерес на граганите на општина Виница изградба на социјална зграда.

– Со овие проекти кои ги имаме завршено и кои се во фаза на завршување мора да исткнеме дека се во вкупна вредност од нешто повеке од 130.000.000 милиони денари.

НА КРАЈ сакам да потенцирам дека според завршните сметки кои општината ги прикажува од работењето во претходната година 2017 година во општина Виница вкупните инвестиции се заокружуваат на околу 19.000.000 денари, или разликата е нешто повеќе од 111 000 000 денари, а до крајот на годината очекувам и да се зголеми доколку се пријават некои други проекти.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари