НОВОГОДИШНО ДЕФИЛЕ НИЗ КОЧАНСКИТЕ УЛИЦИ „ДЕДО МРАЗ НА ТРКАЛА„

декември 26, 2023
1 минути

Двата мото клуба од Кочани „Strong riders“ и  „Желки“, по повод  Новогодишните празници, во Сабота (30 Декември)  организираат дружење со најмладите.

Најпрвин членови од двата мото клуба облечени во облека на „Дедо мраз“ со своите мотори ќе продефилираат низ Кочанските улици а како крајна дестинација ќе им биде „Паркот на Револуцијата“.

Сите заинтересирани дечиња, на платото пред бината поставена во „Паркот на Револуцијата“ ќе можат со нивниот омилен „Дедо мраз“ да се фотографираат.

Забавата започнува во 12:30 часот.

Идејата мошне интересна, со надеж дека реализацијата ќе биде повеќе од успешна.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ