Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари при Општина Кочани, објави дека дава под закуп објекти и делови од објекти во општинска сопственост.

Предмет на закуп се:

1) дел од објект познат како продавница за погребална опрема во Градската капела, со површина од 46 м 2 ;

2) дел од објект познат како ресторански дел во Градската капела со површина од 102 м 2;

3) објект – продавница и ресторан во Домот на културата во Долни Подлог, со површина од 290 м 2 ;

4) објект познат како барака на Скопско Екстра – Кочани, во населбата Усова Чешма, со површина од 90 м 2 ;

5) дел од објект познат како канцеларија на Месната заедница во Домот на културата во Грдовци, со површина од 262 м 2 .

Времетраењето на договорите за закуп е 10 (десет) години.

Постапката ќе се спроведе со електронско јавно наддавање, а ќе ја спроведе Комисија за располагање со недвижни и движни ствари при Општина Кочани.

Заинтересираните учесници треба електронски да поднесат пријава (понуда).

Објавата трае до 5 март 2018 година.

Електронското јавно наддавање ќе се оддржи на интернет страницата http://www.e-stvari.mk/ на 12 март 2018 година со почеток во 10 часот за дел 1; 10:30 часот за дел 2; 11 часот за дел 3; 11:30 часот за дел 4 и во 12 часот за дел 5.

Целосната објава е на веб-страницата на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk и на огласната табла на општинската зграда.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари