Roxy Cafe во соработка со fitlife.com.mk ви презентира 4 детокс напитоци.

Овие напитоци ке ви помогнат да го забрзате метаболизмот, да го намалите и регулирате шекерот во крвта и секако да ви го наполнат телото со витамини и минерали и многу анти оксиданси.

 

1)Енергетски напиток за детоксикација/ Detox energy drink

Потребни состојки:

  • –  200 ml зелен чај
  • –  сок од еден цеден лимон
  • –  1 лажичка мед
  • –  1⁄2 лажичка цимет.Може да се пие топол во зима или да се прави со изладен зелен чај и коцки лед за во лето.

    2) Освежувачки напиток за детоксикација/ Fresh detox drink

    Потребни состојки:

  • –  сок од еден лимон
  • –  1 cm свеж думбир
  • –  200 ml минерална вода
  • –  свежи листови нане (ама само во лето)
  • –  2-3 тркалца краставица.Сокот од лимон и думбирот се ставаат во блендер и потоа содржината се цеди. Се дополнува со минерална вода и се додаваат тркалцата краставица и неколку коцки лед. Доколку има опција да се додаде и свежо нане се додава на крај.

    3) Цитрус детокс напиток/ Citrus detox mix

    Потребни состојки:

  • –  200 ml чај од јаболко
  • –  1⁄2 лажичка цимет
  • –  сок од 1⁄2 цеден грејпфрут (цитрон)
  • –  сок од 1⁄2 цеден портокал.Може да се пие топол во зима или да се прави со изладен чај и коцки лед за во лето.

    4) Напиток за детоксикација со спирулина/ Spirulina detox drink

    Потребни состојки:

  • –  сок од 1 лимон
  • –  200 ml вода
  • –  1 лажичка мед
  • –  1 лажичка органска спирулина во прав (ја има од Vitalia).

Сите состојки се мешаат заедно во чаша, на крај се додаваат неколку коцки лед.

 

 

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари