НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – ОБЈЕКТ „ЅВЕЗДИЧКИ“

декември 27, 2023
1 минути

Првиот работен ден од оваа седмица (25 ти Декември) во просториите на, ДГ „Павлина Велјанова“ – објект,, Ѕвездички” беше организиран „Новогодишен Базар“, традиционално втора година по ред.

 

На штандови беа изложени новогодишни изработки од страна на вработените и дечињата од градинката. За прв пат беа, застапени и штандови со храна во знакот на Новодишните и Божиќните празници, како и штанд со топли напитоци. Посетеноста од страна на родителите и граганите беше задоволителна.

Дел од собраните средства ќе бидат наменети за потребите на дечињата во градинката, а дел од средствата ке завршат како блок донации за децата кои за Новогодишните празници се сместени на Детско одделение во Општа болница со проширена дејност – Кочани, се со цел, во тој миг кај децата да се врати насмевката и радоста на нивните лица.

Вработените од објект,, Ѕвездички” со убави желби на сите граганите на Општина Кочани им ги честитаат Нова Година и Божик.

ДГ „Павлина Велјанова“

Објект „Ѕвездички“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ