Во просториите на Центарот за донации во Кочани (поранешна  „Порака“), соработниците и ангажираните лица од проектот Општинско-корисна работа информираа за текот на активностите и за придобивките од проектот што Општина Кочани го реализира во областа на социјалната заштита.

Програмата Општинско корисна работа преку проектот „Со добра волја кон подобро утре“ во Општина Кочани се реализира по четврти пат.

Оваа година за Општина Кочани има одобрено најголем број ангажирани, максимална бројка од 15 лица во пет различни области и тоа: шестмина во давање услуги на деца од предучилишна возраст, четворица за услуги на стари и изнемоштени лица, двајца како асистенти на лица со хендикеп, двајца за услуги во Центарот за донација и едно лице е ангажирано во посредување во делење на храна во народната кујна.

Ангажираните работат по четири часа дневно секој работен ден и добиваат надоместок 6.200,00 денари бруто од кои се плаќа персонален данок и осигурување.

Услугите се спроведуваат во градот и две рурални средини, посебо лице е ангажирано за давање услуги на лицата од ромска националност.

Проектот што го финансираат UNDP и Министерството за труд и социјала започна на 01 октомври 2017 година, а ќе заврши на 31 март 2018 година. На локално ниво го реализираат Општина Кочани, Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување и Здружението Благородна мисија.

Досега, преку Општинско-корисна работа биле ангажирани четириесетина лица, долгорочно невработени или социјално ранливи, од кои на петнаесетина Програмата им помогнала да се вработат, а биле опслужени над илјада лица од различни возрасни категории.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари