Советот на Општина Кочани утре ќе одлучува по предлогот за измена на Планот за јавни набавки, во кој, меѓу другото влегува и јавната набавка за изградба на паркинг на „Кеј на Револуција“.

На потегот на „Кеј на Револуција“, непосредно по мостот кај Шопинг-центарот дo Центарот за култура „Бели мугри“, Општина Кочани преку Одделението за уредување на градежно земјиште планира преуредување на простор со површина од околу 300 м 2 .

„Со измената на режимот на сообраќај на улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Тодосија Паунов“ и воведувањето двонасочен сообраќај, се јави потреба од простор за паркирање на оваа сообраќајница. Според предмерот ќе се врши ископ на асфалт бетонски површини, рабници и земја, ќе се тампонира, ќе се постави нов асфалт и рабници. Значајно е да споменеме дека уништување на зелена маса нема да има, односно дрвјата што се таму, остануваат“ соопшти градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Со цел да ги објасни и директно да им ја предочи актуелната состојба на оваа сообраќајница и планираните активности, денеска Илијев, заедно со претставници на Советот излезе на терен.

Поради близината на шеталиштето покрај кејот на Кочанска Река и тротоарот од другата страна на „Кеј на Револуцијата“, оваа тротоарска површина со години наназад е малку искористена. Со овој проект се предвидуваат нови 22 паркинг места, од кое едно е за инвалидни лица.

Ако Советот одлучи позитивно, за овој инфаструктурен зафат ќе бидат наменети 900 илјади денари.

28377908_183782475732336_399581501328678087_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари