НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

декември 29, 2023
0 минути

По повод новогодишните празници, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните на Општина Кочани во која се вели:

Почитувани сограѓани,

Во пресрет на празниците и на новите 366 дена, од мое име и од името на општинската администрација, ви посакувам добро здравје, благосостојба и просперитет.

Да ги пречекаме новогодишните празници во добра атмосфера и мир и секој од нас да   придонесе заедничкиот дочек на Новата година да помине пријатно и безбедно – стои во честитката од градоначалникот Папазов.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ