По студено време и мек терен за игра во рамките на подготвителните натпревари екипата на „Осогово“ како домаќин го совлада „Гоблен“ од Куманово 2:1 (2:1).

И двајцата тренери ги изведоа екипите кои најверојатно ќе стартуваат и во натпреварите за бодови. „Осогово“ почесто напаѓаше а додека гостите со брзи против напади се обидуваа да го загрозат голот на Игески.

Во 33’ по една нафрлена топка од левата страна гостинскиот голман кратко ја одби, на неа натрча Костадинов и со глава ја упати во небранетата мрежа. Само седум минути подоцна домаќините го зголемија водството.  Петров доби топка на левата страна, се реши откосо да бие по земја а топката под гостинскиот голман заврши во мрежата.

Конечниот резултат беше поставен во 50’ кога капитулираше домашната одбрана.

За разлика од првото полувреме во второто гледачите и не видоа кој знае што освен одличниот удар на Жоглев кој за негова несреќа заврши во пречката и се одби во поле.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари