По лош терен за игра и многу лоши временски услови девојчињата на „Кочани“ и „Речица“ (Куманово) го одиграа подготвителниот натпревар пред стартот на првенството во Првата Фудбалска Лига за жени.

Иако условите за игра беа речиси никакви , иако за време на целиот натпревар паѓаше ситен снег сепак и едните и другите одиграа ефикасен натпревар во кој беа постигнати шест погодоци.

„Жетварките“ го отворија резултатот, но упорните гостинки набргу израмнија за да сепак со гол предност се замине на одмор. И во второто полувреме домаќинките први постигнаа гол, но девојчињата од „Речица“ покажаа желба и ефикасност и до крајот на натпреварот со два погодока го израмнија резултатот.

„Кочани“ – „Речица“ 3:3 (2:1). Головите за кочанчанки ги постигнаа: Ана Благонова (2) и Александра Тодоровска (1).

Следната и последна контрола е закажана за 4-ти Март во 13:00 часот, кога на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе гостува екипата на „Драгон“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари