Првиот паднат снег во Кочани воопшто не ги изненади вработените во КЈП „Водовод“ задолжени за одржување на улиците во градот.

Уште од раните утрински часови се мобилизираа, излегоа на терен и ги расчистија поголемиот дел од фреквентните улици така да немаше никаков застој во сообраќајот.

Освен вработените во КЈП „Водовод“ овој пат и сопствениците на дуќаните се покажаа во вистинска смисла на зборот  бидејќи уште по отворањето на нивните дуќани, се зафатија за работа, го исчистија снегот од пред нивните дуќани.

Овој пат снегот навистина никој не изненади.

С. Ивановски

1_n2_n

3_n4_n

5_n6_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари