По повод сечењето на крошните на дрвјата на десниот кеј на „Кочанска река“ од „Крушарски мост“ до мостот кај „Шопинг центарот“ и по паднатиот прв снег во градот, денес во просториите на КЈП „Водовод“ – Кочани, прес конференција одржа в.д. директорот Андреј Киров.

„Покрај тековните активности во секторот „Градско зеленило“ при КЈП „Водовод“ – Кочани, во овој период од годината се врши и резидба на стари и исушени – дотрајани дрвја и гранки. Резидбата се врши првенствено поради формирање на нови крошни како и од безбедносни причини, како што се паѓање на дрвјата или гранките и попречување на сообраќајот и заштита на минувачите од повреди. Досега вршевме резидба на дел од улицата „Маршал Тито“ на потегот од „Поштата“ до „Градскиот Трговски Центар“. Во понатамошните активности ќе продолжиме со резидба на гранки во „Градскиот Трговски Центар“ како и на улицата „Димитар Влахов“. Што се однесува до чистењето на улиците по паднатиот снег во градското подрачје, направивме план за чистење на улиците посебно до оние витални институции од кои што граѓаните имаат потреба. Фрлањето на сол и песок како и ангажираноста на дел од вработените помогна истите навреме да бидат исчистени заради што немаше застој на сообраќајот а и минувачите немаа никакви проблеми. Будно ја следиме состојбата по најавата на нови врнежи од снег така да гарантираме дека сообраќајниците повторно навремено ќе бидат исчистени“ – Рече Киров.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари