Се известуваат сите физички и правни лица – корисници на водни услуги од КЈП „Водовод“ – Кочани дека следниот период наши овластени работници (контролори) ќе извршат контрола на водоводната мрежа согласно член 29 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води.

„Корисникот на услугата е должен да овозможи пристап на овластен работник на давателот на услугата заради читање на водомери и одржување на водоводниот приклучок, како и за контрола на исправноста на хидрофорските постројки и други уреди чија неисправност може да предизвика штета на уличната водоводна мрежа.

Овластениот работник на овој член е должен да се легитимира“

28.02.2018 година

КЈП „Водовод“ – Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари