Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев учествува на симпозиумот на тема „Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“ што се одржува во Виена од 26 февруари до 1 март.

Учеството е по покана на Програмата за урбано партнерство на Канцеларијата на Светска банка во Виена и Михаел Хепл, градоначалник и гувернер на Виена.

На симпозиумот во Виена учествуваат 150 учесници од седум земји на Југоисточна Европа и други делови на Европа и светот: градоначалници, претставници на државни институции и на

канцелариите на Светска банка како и претставници на граѓанскиот сектор.

Од Република Македонија, покрај Илијев на симпозиумот учествуваат и градоначалниците на општините Струмица, Велес, Крива Паланка, Илинден и Желино.

Целта на симпозиумот е споделување на добри практики во управувањето со градовите во Европа и во светот.

Simpozium. Viena.2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари