БАДНИКОВА ПОВОРКА НИЗ КОЧАНСКИТЕ УЛИЦИ ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ДЕН, БОЖИЌ

јануари 6, 2024
0 минути

Денеска на Бадник, денот предвесник на големиот христијански ден Божиќ, над 190 дечиња кои учествуваа во годинешната „Бадникова поворка“ во организација на свештенството на храмот „Свети вмч Георгиј“ – Кочани, со исполнување на Божиќната песна „Вечниот Бог“ продефилираа низ кочанските улици и го најавија Христовото Раѓање.

По завршувањето на утринската Богослужба, од Храмот „Свети бмч Георгиеј“ бадниковата поворка од дечиња следена со поголем број граѓани преку улиците „Димитар Влахов“ и „Маршал Тито“ пристигнаа пред зградата на Општина Кочани каде беа примени од Градоначалниукот на Општина Кочани Љупчо Папзаов кој им подари коледарски пакетчиња, честитајќи им го големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.

Поворката продолжи по улицата „Кеј на Револуцијата“ за да финишира во „Паркот на револуцијата“ каде учесниците беа топло  поздравени од голем број на граѓани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ