Фудбалерите на „Осогово“ со победа ги завршија подготвителните натпревари пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во Втората Фудбалска Лига – Исток.

На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани пред повеќе од сто гледачи „Осогово“ го совлада „Детонит“ од Радовиш со 2:1 (2:1).

„Жетварите“ поведоа со голот на Жоглев во 17’ по центар шутот на Паунов а гостите израмнија само седум минути подоцна.

И кога сите го очекуваа последен свиреж на судијата Ангелов за крај на првото полувреме Паунов убаво прими топка во шеснаесетникот на гостите и со удар по земја донесе ново водство што на крајот се покажа како конечен резултат.

Натпреварот се одигра по сончево и пријатно време за игра.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари