Во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани ОО на СДСМ – Кочани ја одржа закажаната Изборна конференција на која беа избрани телата кои ќе раководат со организацијата во следниот период од четири години.

Присутните во салата најпрвин ги поздрави новоизбраниот Претседател на ОО на СДСМ – Кочани Дарко Радески а потоа и гостинот на конференцијата Хари Локвенец, член на Централниот Одбор на СДСМ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија.

По изборот на Работно претседателство, Верификациона комисија, Кандидациона комисија и Комисија за спроведување на изборите беа избрани членовите на новиот Надзорен Одбор и на Извршниот Одбор на ОО на СДСМ – Кочани.

Новиот Надзорен Одбор го сочинуваат пет члена: Владимир Михаилов, Игор Христов, Горан Миладинов, Благица Темелкова и Емилија Јанева, а додека новиот Извршен Одбор го сочинуваат 19 члена заедно со Претседателот на ОО на СДСМ – Кочани: Ванчо Петрушевски, Горан Паневски, Томе Солевски, Андреј Киров, Ивица Лазаров, Никола Димитров, Сашко Иванов, Александар Соколов, Ѓорги Алексов, Драган Нисев, Александар Јанев,  Марија Ангелова, Анета Игнатова, Ивана Максимова, Гордана Трајановска, Адријана Георгиева, Марија Сапаловска и Славица Давиткова.

Од верификуваните 73 делегати на конференцијата присуствуваа 53 од кои за Надзорниот Одбор гласаа 42 „ЗА“ без ниту еден против и воздржан а за Извршниот Одбор гласаа 40 „ЗА“ и 1 против.

На  почетокот на конференцијата во салата присуствуваа поканети претставници од коалиционите партии, некогашни претседатели на организацијата, градоначалници и членови кои во изминатиот период со своето активно работење имаат доста направено за развојот на ОО на СДСМ – Кочани.

С. Ивановски

DSCN0269

DSCN0280

DSCN0260

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари