Амбасадорот на Украина во Република Македонија  Наталија Задорожњук престојуваше во работна посета на Општина Виница. Со својот домаќин Градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров го посетија Музејот „Теракота“ како и компанијата „Рото М“, а во чест на големиот гостин од страна на домаќинот беше организиран и заеднички ручек со претставници од бизнис секторот во Виница на кој беа разменети мислења за досегашната а и идната соработка.

Амбасадорот Наталија Задорожњук од Виница испрати јасна порака со која и даде поддршка на Република Македонија за влез во НАТО како и за стартот на преговорите со ЕУ.

„Украина и Македонија се докажани пријателски држави. Ние добро соработуваме, немаме отворени прашања. Постои голем потенцијал за соработка, сметаме дека е многу битно да се развива регионалната соработка, град Виница има соработка со истоимениот град во Украина, со градоначалникот разговараме да ја интензивираме соработката во областа на економијата, но и во областа на образованието. Како држава посветени сме на главните стратешки приоритети на вашата земја, и се надеваме дека оваа година Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО и ќе ги почне преговорите со Европската Унија“, истакна амбасадорор Задоружњак.

„Благодарност до амбасадорката за посетата на нашата општина , знаејќи како што истакна и таа дека сме збратимени градови со украинска Виница, разговаравме за енергетските капацитети, за развојниот потенцијал на нашата општина, конкретно за гасификацијата. Енергетските потенцијали и гасификацијата се приоритетите на општина Виница, и она на што во иднина ќе се фокусира таа интернационална регионална соработка, изјави Димитров.

На средбата се разговараше и за продлабочувањето на соработката на бизнис заедницата од Општина Виница со стопанските комори во Република Украина.

28472135_214896489246978_7379656599473750016_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари