На 4 март 2001 годуна, на преслапот „Рамно“, воено моторно возило на АРМ нагази на противтенковска мина. Загинаа капетанот Кирчо Димитриов од Виница и војникот Дејан Јакимовски од Куманово.

Само петнаесет минути подоцна, во реонот на караулата Танушевци, од снајперски истрел, животот го загуби војникот под договор Теодор Стојановски од Драчево, припадник на Единицата за специјални намени „Шкорпинони“.

Кирчо имаше 33 години, Дејан 26, а Теодор 24.

Тие беа првите жртви во воените дејствија во Република Македонија во 2001.
И после 17 години од нивната смрт, емоциите останаа речиси со истиот интензитет, па денес во чест на Капетан Кирчо Димитриов, општина Виница организираше Панихида пред спомен бистата кај Собранието.

Историски осврт кон настаните од 2001 даде претседателот на Организацијата на резервни офицери, д-р Гоце Георгиев, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров.
Денешното чествување беше збогатено со рецитали на хорот при ОУ „Гоце Делчев“ од Виница, а настанот заврши со полагање цвеќе од фамилијата на Кирчо Димитриов, од претставици на АРМ, од општината, од училиштата, како и од останатати институции во градот.

2_n

3_n

6_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари