Според потпишаниот Меморандум од страна на Министерството за Внатрешни работи на Република Македонија, Институтот за трансфузиологија на Република Македонија  и Црвениот Крст на Република Македонија, во просториите на Полициската Станица во Кочани денес се одржа првата од предвидените три акции за дарување на најскапоцената течност.

Одѕивот на вработени во Полициска Станица – Кочани беше задоволителен, па беа собрани 25 единици крв.

„Со големо задоволство можам да истакнам дека од година во година се повеќе се зголемува бројот на полициски службеници, посебно млади, кои што сакаат да даруваат крв. Еве и денеска имаме успешно спроведена крводаритекса акција во која крв даруваа 25 службеници“, рече Санде Спиров, полициски службеник во ПС Кочани.

Според однапред утврдениот календар втората крводарителна акција ќе биде спроведена во месец Јуни, а третата и последна за оваа година во месец Ноември.

Со овој гест на дарување на најскапоцената течност полицијата уште еднаш ја покажа својата голема хуманост.

С. Ивановски

28537544_10209005762421496_

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари